Лејди Гага го очекува првото дете

12 февруари, 20200
gaga

Откако неодамна беше фатена во страствен бакнеж, на терасата на нејзиниот дом во Мајами со Мајкл Полански, поранешен инвеститор кој во моментов работи како извршен директор на фирмата „Parker Group“, американската пејачка Лејди Гага ја потврди нејзината врска и на социјалните медиуми, а ако веруваме на пишувањето на таблоидот NW, ѕвездата од филмот „A Star Is Born“, врската со новото момче ја крена на повисоко ниво затоа што, според извор, парот го очекува своето прво дете.

Ова го откри извор близок до пејачката, кој тврди дека Гага „отсекогаш сакала да биде мајка, а сега чувствува дека ова е вистинското време“. Истиот извор откри дека двојката не ја планирала бременоста, но дека Мајкл бил среќен што работите станале толку сериозни што од „празничната романса станала толку сериозна што ќе стане татко“.

Инаку, дека „работите“ меѓу пејачката и новото момче се навистина сериозни, сведочат и фотографиите направени на почетокот на месецот, на кои новото момче е во друштво на нејзината мајка. Поточно, Мајкл е снимен како се забавува со мајката на Гага, Синтија за време на нејзиниот концерт во Мајами. Дуото изгледаше опуштено и во добро расположение додека го следеа настапот на нивната сакана личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi