Лила Филиповска актуелна и во српските медиуми каде открива: „За мене љубовта е како грав во петок“

16 декември, 2020
Lila

Во македонските медиуми, особено во делот на естрадните вести, може доста да се прочита за ѕвездите од српската естрада и регионот. Но, и кај нашите северни соседи, може да се види и прочита некое интервју или информативна вест за нашите познати Македонци.

Тоа се случува поретко, но кога ги има, тоа секогаш се оние кое се на врвот. А таму секако е и нашата позната ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска.

Па така, српскиот портал„ Редпортал.рс“ и направи интервју на наша Лила во кое таа зборуваше за доста детали од својот професионален и приватен живот. Па оние оттаму што не многу знаеја за неа, имаа прилика да ја запознаат подобро. Прашањата на тема љубов секако не беа заобиколени, а по таа точка Лила како и секој нормален човек вели дека сака да е сакана.

-Петок е ден кога голем дел од луѓето чувствуваат олеснување бидејќи завршува уште една работна недела и доаѓа викенд, вели Лила не случајно зборуваќи за петок бидејќи вели дека за неа љубовта е како „грав во петок“, а кој не сака грав?

Откри и дека омилена песна и е од Јелена Карлеуша „Цел живот ќе бидам твоја траума“.

На прашањето дали мисли дека лагите се корисни за да не повредиме некого, Лила вели:

-Тоа се таканаречени „бели лаги“. Само ако е навистина неопходно и немаш друг излез. Користам и јас понекогаш, но да не заборавиме дека ако лажеме мораме да имаме одлична меморија, изјавува Лила.

Целосното интервју на „Редпортал.рс“, можете да го прочитате ТУКА.

escort - Korsan taksi