ЉУБОВ, ОМРАЗА, КОРИСТ ИЛИ…? Несекојдневните детали од Белата куќа ја откриваат вистината за бракот на Доналд и Меланија Трамп

22 јуни, 20200
Annotation 2020-06-22 181857

,,Љубовта е комплицирана, а љубовта на брачната двојка Трамп е ултракомплицирана”, објаснува авторката на новата биографија за американската првата дама.

Од време на време во медиумите се појавуваат снимки кои сведочат дека бракот на Трампови не е идеален – Меланија повеќе пати е снимена како одбива да му ја даде раката на својот сопруг, прави изрази на лицето кои укажуваат на тоа дека не е најсреќната личност на светот, а покрај тоа во  медиумите често се шират и приказни за секс аферите на Доналд.

foto: Profimedia, Profimedia

Заради сето тоа, нивниот однос привлекува многу внимание, а авторката на новата биографија на Меланија ’’The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Tramp’’, Мери Џордан открива детали кои веројатно ќе ве збунат.

-Не знам ни за еден пар кој толку време поминува одвоено. Често се во една зграда, но не се блиску еден до друг. Ретко оди во Западното крило. Не сака голф. Има свој мал спа центар. Сака да се изолира, таа е осаменик. Тие се сосема среќни кога се раздвоени – истакнува Џорданова.

Меѓутоа тоа не значи дека Трампови не се блиски, додава таа. Напротив!

– Сепак, таа е прва која ја вика после своите говори или собири, затоа што и верува, а тој не верува на голем број луѓе – напоменува биографката на Меланија. – Имаат многу необичен однос, но овде постои врска: имаат договор, од самиот почеток. Тој се сака себе, својата работа, има свој живот и поминува многу време без неа. И за неа тоа е сосема во ред.

Џорданова пишува и дека Меланија наводно го одлагала своето вселување во Белата куќа откога Трамп победи на претседателските избори 2016 година затоа што сакала повторно да преговара за предбрачниот договор кој го склопила со сопругот. Таа истакнува дека првата дама е далеку послична на Доналд отколку што ни изгледа на прв поглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi