Луѓе од обезбедувањето проверувале дали Џастин е жив

5 февруари, 20200
j

Вчера, на You Tube премиерно беше емитувана новата епизода од серијалот „Seasons“, што хронолошки го следи животот на Џастин Бибер, кој на гледачите им даде увид во пеколот низ кој пејачот поминувал пред неколку години. Поточно, како што самитот вели, со текот на времето станал зависен од тешки дроги, а во еден момент ситуацијата била толку тешка што членовите од неговото обезбедување неколку пати во текот на ноќта му го проверувале пулсот за да се уверат дека е сѐ уште жив.

Пејачот, емотивната епизода од шоуто ја започнува признавајќи дека на 13-годишна возраст го испушил првиот ‘joint’, по што наскоро станал зависник од марихуана. „Не знаев како да се справам со притисокот од работа, па затоа барав утеха во опојните средства“, откри Џастин, признавајќи дека марихуаната за него е само почеток на темниот пат. „Во најтешкиот период, експериментирав со халуциногени печурки и екстази од раните утрински часови до доцна во ноќта, така што луѓето од обезбедувањето повремено доаѓаа во мојата спална соба ноќе за да се уверат дека сум сеуште жив“, призна Џастин.

Потсетуваме, пејачот низ годините имаше неколку проблеми со законот. Патем, во епизодата се појавува и сопругата на пејачот, 23-годишната Хејли Болдвин, која ја искористи можноста да открие дека таа му поставила ултиматум на Џастин со цел да му помогне да се опорави. „Му дадов до знаење дека доколку не се отрезни, ќе раскинеме“, рече манекенката и, судејќи по се, нејзината тактика функционираше, бидејќи парот се венчаше во 2018. година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi