Луѓето ширум светот оставаат плишани мечиња покрај своите прозорци, а причината е прекрасна

8 април, 20200
cover

За децата е тешко да ја разберат глобалната пандемија на коронавирусот, а социјалното растојание на улиците може дополнително да ја отежни ситуацијата. За да им го одвлечат вниманието, луѓето смислиле игра која ги преплави прозорите со плишани мечиња низ целиот свет, од скандинавските земји, до САД, Австралија и Нов Зеланд, и Белгија, Холандија, Велика Британија и Австрија.

Bear Hunting е името на играта, која сега е актуелна, а инспирирана е од детската книга на Мајкл Розен од 1989. година „We’re Going Going on a Bear Hunt“.

Правилата се едноставни – оставете плишани мечиња на прозорците за да децата можат да избројат колку забележале при нивната прошетка. Ова е всушност еден начин за да се одвлече нивното внимание од неизвесната ситуација со коронавирусот. Но, покрај тоа што е забавно, мечките имаат и едукативна цел. Некои од нив се поставени на безбедно растојание едни од други за да го доближат концептот на социјалната оддалеченост до децата, додека други носат маски.

Идејата беше популаризирана од жителите на Рејкјавик за да ги развеселат децата во Исланд, а сега стана глобален хит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *