Меган и Хари за прв пат го покажаа дворот на гламурозниот дом

29 септември, 2020
profimedia-0559367476

Откако 36-годишниот принц Хари и 39-годишната актерка Меган Маркл и едногодишната Арчи се преселија во Канада на почетокот на април, тие брзо се вратија во Санта Барбара, каде неодамна купија нов дом вреден 90 милиони фунти на малото ридче наречено Монтесито. Иако фотографиите од вилата, „протекоа“ откако се вселиле, тие сепак не откриле како изгледа внатрешноста на нивниот дом откако ја украсиле со детали од семејството. Но се чини дека овие денови тие сепак одлучија да направат мал потег, снимајќи видео од сопствениот двор.

По повод претстојните избори во САД, популарниот пар сними видео во кое се обидува да ја нагласи важноста од излегување на избори и да ја подигне свеста на граѓаните дека треба да излезат на гласање и да гласаат. Иако во последно време, со активно учество во политичката сцена, тие привлекоа огромно внимание, овој пат целото внимание на гледачите тргна во сосема друга насока. Имено, покрај прикажувањето на видеото како изгледа луксузниот двор на нивниот нов дом, за време на нивниот говор, вниманието го „украде“ и црниот лабрадор ’Пула’, кој постојано шеташе во позадина.

Покрај слаткото милениче, гледачите обрнаа внимание и на зелената средина коментирајќи на социјалните мрежи како конечно ја покажаа својата убава и пространа градина. Имено, Меган и Хари седеа на дрвена клупа, а зад нив јасно се гледаше голем и убаво украсен простор. Иако многумина се свесни дека поранешните членови на кралското семејство моментално живеат во луксузна и гламурозна вила, многу пријатели сепак беа изненадени од тоа на колкава површина се простира вилата.

escort - Korsan taksi