Меган Маркл изнесе низа оптужби против кралското семејството: Тврди дека не била доволно заштитена за време на бременоста!

2 јули, 2020
1267535

Откако списанијата „People“ и „Mail“ во неделата ја објавија целата содржина на интимното писмо на Меган Маркл до нејзиниот татко Томас Маркл, војводите од Сасекс се одлучија за правна битка. Тие иницираа судска постапка, којашто трае и денес, а по секое рочиште, до јавноста излегуваат нови детали за комплицираниот случај.

Иако во првата парница, судот беше на страната на таблоидите, Меган Маркл ја продолжува својата правна битка. Овој пат нејзината одбрана упати серија обвиненија против целото кралско семејство, против таткото на Меган, Томас Маркл и ,како и секогаш, против невнимателните весници кои ја нарушуваат нејзината интимност.

Потсетуваме, судската постапка меѓу Меган Маркл и британската медиумска куќа, започна во октомври минатата година,  затоа што весникот објави приватно писмо од војвотката упатено до нејзиниот татко Томас Маркл по кралската венчавка во Виндзор, на коja тој не присуствуваше.

  • „Тужителката стана предмет на голем број лажни и штетни написи во британските таблоидни медиуми, поточно од страната на тужениот, што предизвика огромна емоционална неволја и го наруши нејзиното ментално здравје. Бидејќи нејзините пријатели никогаш порано не ја виделе во таква состојба, тие со право се загрижија за нејзиното здравје, особено додека таа беше бремена и незаштитена од институцијата, а и забрануваа и да се заштити самата од ваквите обвинувања“ – стои во дел од тужбата.

Петмина блиски пријатели на војвотката Меган не се именувани во медиумите, но тие ја потврдуваат целата приказна и се изјаснија дека знаеле за писмото и неговата содржина, но не биле овластени да кажат било што за медиумите. На пријателите им беше тешко што не можат да застанат во одбрана на својата драга Меган, а се поради строгите протоколи на кралското семејство, кое што донесе таква одлука.