Метју Меконахи бил сексуално злоставуван уште како тинејџер

23 октомври, 2020
shutterstock1242500467-830x0


Холивудската sвезда Метју Меконахи неодамна за прв пат во јавноста откри дека неговиот татко починал додека водел љубов со својата мајка. Ова го раскажа 13 години по смртта на неговиот татко, а сега излегува со нови работи од неговиот приватен живот. Во своите нови мемоари „Гринлајтс“, Меконахи откри дека бил жртва на сексуално злоставување додека бил уште тинејџер. Мемоарите беа објавени во вторникот и ја раскажуваат приказната за животот на 50-годишниот Меконахи низ моменти што тој ги опишува како зелени, жолти или црвени светла – настани што го принудија да оди напред, да паузира или да застане. Добитникот на Оскар објасни и дека научил лекција од секој таков момент и отишол напред уште посилен. На самиот почеток на книгата, Метју сподели неколку факти за себе со јавноста со цел да ги подготви читателите за следното поглавје, кое вклучува негово лично искуство во врска со сексуалното злоставување.


Меконахи исто така откри дека бил „нападнат од човек кога имал 18 години, додека лежел во бесознание во задниот дел од комбето“. Иако не навлезе во многу детали за ова искуство, Меконахи тврди дека не се смета за жртва на оваа ситуација.

– Никогаш не се чувствував како жртва. Имам многу докази дека светот се обедини за да ме направи среќен – рече тој, пренесува Variety.com. Во своите мемоари тој дал детали и за турбулентната врска на неговите родители, за неговиот брак со Камил Алвеш, како и за неговата лична филозофија.

escort - Korsan taksi