Метју Пери се вери со 20 години помлада девојка: Таа е најдобрата жена на светот!

27 ноември, 2020
metju-peri

Метју Пери се вери!

Иако во мај ја раскина двегодишната врска со 29-годишната менаџерка Моли Хурвиц, се чини дека парот ги реши проблемите и реши да заплови во брачните води.


Актерот најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“ ја запроси Моли и таа рече „да“.


„Одлучив да се свршам“, рече тој во стилот на Чендлер, додавајќи: „За среќа, сега излегувам со најдобрата жена на планетата“, рече тој за „Пипл“.