Мислите дека сте паметни? Еве како ќе дознаете дека сте во заблуда!

29 април, 20200
памет

Пред некое време група научници од Јејл објавиле истражувае кое покажало дека заради интернетот мислиме дека знаеме многу повеќе од тоа што навистина знаеме.

Но, дури и ако самите приметувате дека малку отупавевме благодарение на предностите на паметните уреди, многу повеќе знаење добиваме со нив, така? 

Па и не баш.

Што ако се лажеме?

Овој феномен на достапност на информации, всушност претставува голема опасност за општеството. Или, со други зборови, повеќето од нас не би отишле на операција кај хирург кој се раководи од интернет и одеднаш сфати дека ако го нема Google, тој нема да знае како да работи.

Упорно го преценуваме знаењето

Во експериментите се покажало дека пристапот до интернет може да предизвика луѓето да го преценат своето знаење.

Страшно е и да се помисли кско би било политичарите или некои други водечки личности да ги носат одлуките базирани на знаење кое всушност не го поседуват. Но исто така, ако ни го тргнат интернетот веднаш би почнале да паничиме кога би сфатиле колку малку знаеме.

Бидејќи колку пораспространет е интернетот, толку помалку внимание посветуваме на стекнување на трајното знаење кое би можеле да го складираме во мозокот, а тоа е една од лошите страни на интернетот.

Всушност, поглупави сме од претходно

Големото истражување покажало значаен пад на општата интелигенција кај луѓето од по 1,23 IQ бодови по деценија, а дури 14 IQ од викторијанската доба. Се претпоставува дека за тоа е виновен релативно лагодниот начин на живот кој нè ослободил од состојбите во кои сме опстојувале благодарение на размислувањето.

Така, денес, со сета можна достапна хигиена, медицинска грижа, храна, вода, школување и сите други услови, луѓето стануваат поглупави.

Кој би преживеал?

Една од причините за падот на интелигенцијата е фактот што младите луѓе повеќе сакаат да ја користат технологијата, отколку да читаат книги. Тоа значи прифаќање и учење на глупави и бескорисни информации. Освен тоа, многу малку време се поминува во природа, а сè повеќе време се поминува пред екран.

Па така, шансите на денешно дете да преживее само во дивина се многу помали од дете растено во 70тите години на минатиот век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi