Младата актерка проговори за „жешките“ сцени со славната Никол Кидман!

19 декември, 2020
B8D6E16q2w-se-soblece-dokraj-za-da-razmenuva-strasti-so-holivudskata-diva-baknuvanjeto-so-nikol-voopsto-ne-me-isplasi


Матилда де Анџелис откри како Никол Кидман и Хју Грант и помогнале да се соблече гола во серијата „Дефект“ со нивните совети. Растечката италијанска актерка Матилда де Ангелис (25) привлече големо внимание со улогата во серијата „Дефект“ во која се соблече до крајот и снимаше жешки сцени со нејзината многу попозната колешка.

Во популарната мини-серија базирана на романот на писателот Џан Ханф Корелиц, Матилда ја игра младата мајка, Елена Алвеш, која внесува немир во бракот на Грејс и Џонатан Фрејзер, играни од Никол Кидман (53) и Хју Грант (60). Во контроверзната сцена, Елена или Матилда се приближува до ликот кој ја игра Никол потполно гола во соблекувалната во теретаната и почнува страсно да ја бакнува, а за овие сцени не престанаа да се зборува откако беше прикажана епизодата и младата Италијанка ги отвори вратите на Холивуд.

Де Анџелис призна дека не и било проблем да ја бакнува Никол, додека не и било најпријатно да се соблече гола, а откри дека во тоа и помогнале нејзините поискусни колеги од серијата.

“Никол сними многу голи сцени и многу ми помогна. Ми рече:” Ние не сме тука за да ти судиме. Замисли дека си целосно облечена и биди сигурна во себе “, изјавила младата актерка за Дејли меил.

Покрај Кидман, корисни совети и дадоа и Грант, со кого има и неколку страствени сцени. “Понекогаш треба само да му верувате на вашиот партнер. Ако чувствувате дека нешто е претерано или несоодветно, само кажете ми”, и рече Хју. “Кога работите со некој кој е полн со почит, сите грижи исчезнуваат. Заборавате на нив и сакате само сцените да функционираат реално”, рече Матилда, која е благодарна што има можност на самиот почеток на нејзината кариера да работи со толку големи филмски лица.