На барање на кралицата, Меган и Хари се враќаат во Лондон

12 февруари, 20200
as

Откако на почетокот на минатиот месец ја шокираа јавноста, како и кралското семејство, со нивната одлука да ја напуштат Велика Британија и да започнат самостоен живот, финансиски независни во Америка, принцот Хари и сопругата Меган Маркл, со синот Арчи се враќаат во Лондон. Како што пренесуваат странските медиуми, младото семејство се враќа на барање на кралицата Елизабета II.

Според извештаите на британските медиуми, Хари и Меган ќе се вратат во Лондон на почетокот на март, но само накратко за да присуствуваат на официјалната миса на Денот на Комонвелтот во Вестминистерската опатија во Лондон. На 9-ти Mарт, сите важни членови на кралското семејство треба да присуствуваат, каде главниот збор ќе има поглаварот на англиската црква, кралицата Елизабета.

Иако сè уште нема официјална потврда од дворецот, ако судиме според зборовите што самиот Хари ги кажа по објавата за напуштање на кралството, тој и Меган треба да продолжат да извршуваат одредени должности во знак на почит кон кралицата, така што верните фанови со нетрпение го очекуваат почетокот на март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *