На Дејвид Бекам изолацијата му донесе нова занимација: Познатиот фудбалер стана пчелар!

24 јуни, 20200
david

Фудбалерот, а би можеле да кажете и модната икона Дејвид Бекам реши да го искористи своето време во изолација на продуктивен начин.

На својот Инстаграм профил, тој сподели видео со своите фанови во кое прави рамка за пчели.

Во видеото се гледа како Бекам се фокусира и вешто го користи чеканот спојувајќи ги рамките за кошница, што е сè уште во раните фази на изработка. Во исто време, Викторија, која го снима, ја објаснува постапката и коментарите за тоа колку е убаво да имате свој мед, додека во позадина може да се слушнат и штурци.

Сопружниците, заедно со нивните три помлади деца, поминуваат време во изолација во идилична селска куќа во Англија, а се чини дека спортската sвезда добро се прилагоди на тој начин на живот затоа што на својот профил на Инстаграм често објавува фотографии од прошетки низ околните полиња и ридови.

View this post on Instagram

No Hat #runoutofhats 🤔 but sunset 🔥

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

Да потсетиме дека овој поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси и ПСЖ е сопственик на лозјето, а исто така се занимава со производство на виски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi