На You Tube се појави „документарец“ за однесувањето на Србите во карантин – пресмешно ?

27 април, 2020
На You Tube се појавви „документарец“ за однесувањето на Србите во карантин – пресмешно ?

Пред три дена, на You Tube се појави „документарен филм“ за карантинот во Србија, кој е прегледан повеќе од 93.000 пати.

Во триминутниот филм на National Geographic – Србија во карантин, Србите се споредуваат со животни кои живеат во дивината и се борат за свoj, но и за опстанок на нивните младенчиња. Се споменува дека најстарите примероци на хомо сапиенси во Србија не смеат да ги напуштат своите засолништа со одлука на владеачките елити, така што тие зависат од волјата на помладите генерации.

Зад филмот стои Милош Милаковиќ.

“Горд сум на овој мал проект. Извинете на англискиот јазик, еб**е”, им рече тој на гледачите.

https://www.youtube.com/watch?v=wH3KjgLJDP4&feature=emb_logo