Направете сами влажни марамчиња

25 април, 20200
влажни

Никогаш не сме знаеле колку е лесно да се направат домашни влажни марамчиња. Плус, сигурно ги имате сите потребни елементи. Еве што ви е потребно:

Пластична кутија

1 лажица бебешко масло

2 лажици бебешки сапун

1-2 шолји зовриена вода

Подготовка

1. Најпрактична за складирање е кутија за сладолед која можете претходно да ја декорирате. Но можете да користите било каква пластична кутија што се затвора.

2. Следно, подгответе ги хартиените бришачи. Најпрактично е да се превитакаат на половина поединечно за да можат да се стават во кутијата.

3. Сварете ја водата заедно со бебешкото масло и бебешкиот сапун. Исто така можете да додадете и кокосово масло, ако бебето ви е постаро од 4 недели. Со зовривање на целата смеса, вие ја дезинфицирате течноста која ќе се користи за марамчињата.

4. Ставете ги хартиените бришачи во кутијата и истурете ја зовриената течност врз нив.

5. Оставете ги марамчињата да се исушат од течноста и затворете ја кутијата. Бидејќи марамчињата се направени без хемиски додатоци, искористете ги за брзо време бидејќи можат да мувлосаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi