Научете да го читате говорот на телото

25 април, 2020
Naslovna

Колку пати сте размислувале: „Барем сега да знам што мисли“. За да добиете одговор на ова прашање, треба да го гледатее внимателно соговорникот, бидејќи дури 55 проценти од комуникацијата е говорот на телото. Дознајте што значат специфичните гестови и движења за да откриете што мисли некоја личност и како полесно да комуницирате.

Сите ние го „читаме“ говорот на телото повеќе отколку што сме свесни. Студијата спроведена на Универзитетот во Калифорнија открила дека само седум проценти од комуникацијата е поврзана со зборови, дополнителни 38 проценти се во тонот на гласот, а останатите 55 проценти е говорот на телото.

Ако научите да го читате и интерпретирате говорот на телото, овие 55 проценти можат многу да ви помогнат да ги разберете навистина луѓето, нивните чувства, блокади и скриени емоции. Следниот пат кога сте на деловна средба, на првиот романтичен состанок или играте со вашите деца, набудувајте што говорат нивните тела.

Прекрстените раце и нозе се знак на отпор кон вашите идеи

Овие се физички бариери што и укажуваат на другата личност дека не е отворена за она што го зборувате. Дури и ако тие се насмевнат и вашиот разговор е удобен, нивното тело кажува нешто друго. Жерард И. Ниернберг и Хенри Х. Калеро снимија повеќе од 2000 разговори, за книгата што ја напишаа за говорот на телото, и ниту еден не заврши со позитивен исход ако една од страните, за време на преговорите, ги прекрсти нозете. Психолошки, вкрстените нозе или рацете сигнализираат дека лицето е ментално, емоционално и психичко дистанцирано од она што е пред него.

Вистинската насмевка создава брчки околу очите

Кога станува збор за насмевка, усните можат да лажат, но очите не. Искрената насмевка ги вклучува и очите, тогаш кожата околу очите лесно се брчка. Луѓето честопати се насмевнуваат за да го прикријат она што навистина го мислат и чувствуваат, така што следниот пат кога сакате да откриете дали нечија насмевка е оригинална, обрнете внимание на брчките околу очите. Ако ги нема, таа насмевка крие нешто.

Имитација на говорот на вашето тело

Дали некогаш сте забележале на состанок или на кафе со некоја личност дека секој пат кога ќе ги прекрстите нозете, другата личност го прави истото? Или можеби, како што разговаравте, тој ја навалува главата на ист начин како што правите вие? Тоа е всушност добар знак. Следењето на говорот на телото е нешто што несвесно го правиме кога се чувствуваме поврзани со другото лице. Ова е знак дека разговорот оди добро и дека другата страна ја прифаќа вашата порака. Ова знаење може да биде особено корисно во деловните преговори затоа што ви покажува што навистина размислува другата личност за вашата понуда.

Држењето на телото ви ја пренесува пораката

Дали некогаш сте виделе личност да влезе во собата и веднаш знаете дека е на водечка позиција? Тој е ефект на говорот на телото и често се состои од исправено држење на телото, движења на дланките и генерално отворени и широки гестови. Ние несвесно ја обезбедуваме моќта по количеството простор што го зафаќаме. Стоењето исправено, со рамената повлечени наназад, е позиција што овозможува максимален простор. Спротивно на тоа, на пример, згрбавена положба, зазема помалку простор и рефлектира помалку моќ. Одржувањето на исправена положба бара почит и бара вклучување, без разлика дали сте на висока позиција или не.

Очи што лажат

Веројатно сте ја чуле изреката: „Гледај ме во очи додека зборуваш со мене“. Нашите родители знаеја дека е тешко да се погледне некого во очи додека ги лажеше. Сепак, оваа инструкција е толку добро позната што луѓето честопати намерно гледаат во очите токму за да ја прикријат лагата. Но, повеќето во овој случај претеруваат така што толку долго гледаат во очите на другата личност што станува непријатно. Ако разговарате со некој кој толку ѕвери што прави да се чувствувате непријатно, особено ако лицето е многу смирено и не трепка, голема е веројатноста дека тој лаже.

Подигнатите веѓи значат непријатност

Три главни емоции ги поткреваат веѓите: изненадување, грижа и страв. Обидете се да ги кренете веѓите кога имате релаксиран разговор со пријател. Тешко е, зарем не? Ако некој со кој разговарате крева веѓи и темата не треба да предизвика изненадување, грижа или страв, се случува нешто друго.

Прекумерното климање со главата е потребата за прифаќање

Кога ќе кажете нешто на некого, а таа личност постојано клима со главата, тоа значи дека тој или таа се загрижени за тоа што мислите за неа или дали се сомневате во нејзината способност да ги следи вашите упатства.

Стегната вилицата е знак на стрес

Стиснатата вилица, напнат вратот или збрчканото чело се знаци на стрес. Без оглед на тоа што зборува лицето, ова се сигнали дека тој или таа се чувствува непријатно. Можеби зборувате за нешто што го/ја мачи или тој/таа е психички отсутен/а и мисли на нешто што го/ја мачи. Барајте несовпаѓања помеѓу она што го кажува соговорникот и она што ви го открива нивниот говор на телото.