НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ОТКРИВА СТРАШНИ ПОДАТОЦИ: После 30-сеттите, мозокот неповратно ја губи оваа важна функција!

12 ноември, 2020
мозок

Нашиот ум едноставно не е „програмиран“ да учи нови вештини на таа возраст
Една неодамнешна студија предводена од ценетиот невролог од Универзитетот Стенфорд, Ендру Губерман, донесе лоши вести за сите оние кои сакаа, на пример, да научат нов јазик и имаат над 30 години.

Она што лесно можевме да го направиме во детството, во зрелоста, е многу, многу потешко. Во некои случаи – невозможно.

„Мајката природа нè создаде за да можеме да ги научиме сите потребни вештини за да преживееме, да живееме доволно долго за да имаме потомство, а потоа и да умреме“, рече д-р Губерман, посочувајќи дека мозокот неповратно ја губи функцијата на добра меморија по триесеттите години, бидејќи едноставно не е „програмиран“ за да научи нови вештини на таа возраст.
Тој тврди дека кога човекот ќе порасне, неговиот мозок е навикнат на одредени познати работи на кои се фокусира. Затоа на луѓето им е тешко да се променат – се е до мозокот.

Губерман вели дека е можно да се стекнат нови знаења, но сепак тоа е значително потежок процес од учењето во детството и адолесценцијата. Сепак, не треба да се откажувате, фокусирајте се што е можно повеќе на новата задача, без оглед колку тоа е тешко за вас.

“Ако навистина сакате да научите нешто ново во зрелоста, мора да го насочите вашиот мозок во вистинската насока, а тоа ќе бара високо ниво на концентрација и посветеност. Без тоа, нема ништо”, објаснува Губерман.

Кога пробуваме да стекнеме некое ново знаење а не ни оди од рака, тоа е затоа што телото користи адреналин во тој процес, што ни носи нервоза. Затоа е важно да бидете упорни.
Совет број 1 – Добар одмор. Кога се присилувате да направите нешто што ве прави да се чувствувате непријатно, на мозокот му треба една важна хемикалија за да складира нови знаења во краткорочна или долгорочна меморија. Тоа е ацетилхолин, невротрансмитер што телото го лачи во доволни количини кога имате доволно одмор и спиење.

„Повеќето промени во структурата на мозокот се случуваат во длабоката фаза на спиењето“, објаснува Губерман, додавајќи дека тие можат да се појават за време на дремките, но и во моментите на релаксација, кога ќе ги оставите мислите слободно да летаат и кога не сте под стрес, заклучува научникот.

escort - Korsan taksi