Науката открила неколку не баш романтични факти за бракот!

9 октомври, 2020
vjencanje-e


Бракот има свои предности, но и недостатоци, а истражувањата покажуваат дека мажените жени пијат повеќе алкохол отколку оние што се слободни, додека, на пример, неверните сопрузи имаат поголем ризик од срцев удар отколку верните.

Еве уште неколку интересни факти за бракот:


Скоро 33 проценти од луѓето кои поднеле барање за развод во САД го навеле Фејсбук како една од причините.

Шведска студија потврди дека бракот што произлегол од врска на далечина почесто завршува со развод.

Оженетите мажи пијат помалку алкохол од оние кои не се во брак, додека за жените важи спротивното. Оженетите жени консумираат повеќе алкохол отколку оние кои се соло, потврди студијата на Универзитетот во Синсинати.

Според студијата на Американскиот национален институт за стареење, паровите над 57 години кои живеат во лош брак имаат ризик од срцев удар.


Неверните мажи имаат поголем ризик од срцев удар отколку верните, потврди студија на италијанскиот универзитет во Фиренца. Студија од 2010 година наведува дека склоноста кон прељуба е скриена во гените.

Лас Вегас издава 122 000 дозволи за брак секоја година.

Во САД, скоро 42 милиони возрасни имаат барем еден брак зад себе, што е за 20 милиони повеќе отколку во 1980-тите.

escort - Korsan taksi