Не се знае кој е подобар фраер: Згодните пожарникари позирааа со преслатки животни, а жените останаа во транс!

1 декември, 2020
usw9puoq-830x0


28-та година по ред, прекрасните австралиски пожарникари позираат за најбараниот календар и ви посакуваат Среќна Нова година!
Најпопуларниот календар во светот 28-ма година по ред се враќа во 2021 година. А после оваа макотрпна година што сите ја имавме, згодните австралиски пожарникари ќе бидат вистински мелем за очи!

Крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година беа целосно поразителни за Австралија, за која светот тагуваше за време на катастрофалните пожари и смртта на повеќе од милијарда животни од различни домородни видови. Иако пожарот веќе го нема, уништените грмушки го оневозможија враќањето во своите природни живеалишта на многу раселени диви животни.

Губењето на животинскиот свет едноставно не може да се поднесе – изјави Дејвид Роџерс, директор на добротворната организација “Australian Firefighters Calendar” .


Новиот календар „Херој“ им оддава почит на напорната работа на австралиските пожарникари за време на кризата со најголемите пожари во историјата на оваа земја, додека друга новина е календарот „Љубители на животните“, кој се фокусира на разновидниот опсег на австралискиот див свет.
И оваа година традиционално издание е со кучињата и мачките, но во малку поинаква форма. Имено, од австралиската јавност беше замолена да на снимањето се донесат своите миленици, кои ги спасија од улицата, , со цел да помогнат во креирањето на календар.

Собраните средства од календарот ќе им помогнат на помалку среќните животни да најдат нов дом. Во исто време, оваа година, популарните календари ќе бидат поважни од кога било затоа што парите ќе бидат пренасочени за лекување на диви животни повредени во пожарите.

Средствата од минатогодишниот календар помогнаа во набавка на нова опрема и материјали скоро 6 месеци, што исто така помогнаа во деноноќното спасување на коали, кенгури и некои видови птици.

escort - Korsan taksi