Ноне знае да си направи шега на своја сметка: Објави фотографија од новогодишната елка со која ги насмеа фановите!

13 декември, 2020
noneee

Се поблиску сме до Новата година, па деновиве речиси сите го украсуваат домот со новогодишни украси и ја прават новогодишната елка, а за тоа исклучок не се ниту славните личности. Сите влегуваат во предновогодишна еуфорија.

Преслатката пејачка Ноне Неделковска иако уште одамна престана да се занимава со музика, сеуште е активна низ медиумите кој ја следат на секој чекор.

Дека Ноне е една и единствена говори и фактот што и таа самата, како целиот регион, понекогаш знае да си направи шега на сметка на својата висина…

Низ годините слушнавме се и сешто на таа тема, дури создадени се и неколку вицови, но се чини дека ова не ја загрижува многу Ноне.

Поранешната пејачка на својот профил на Инстаграм сподели фотографија на која може да се види голема елка, меѓутоа украсите и лампионите се само на долниот дел, бидејќи Ноне не е многу висока и не може да ги украси повисоките делови од елката.

Оваа фотографија стана вирална на социјалните мрежи и насмеа многумина.

escort - Korsan taksi