Омилениот пијалок на Македонците: Сигурно не сте знаеле дека од пивото можете да бидете попаметни! Еве и зошто!

2 ноември, 2020
пиво

Неодамнешна студија од Универзитетот во Илиноис (Чикаго, САД) откри дека конзумирањето пиво може да ги направи луѓето попаметни, особено кога станува збор за креативно решавање на проблемите.

Во студијата учествувале 40 мажи на возраст од 21 до 30 години. Половина од групата испиле две пива (од околу 0,56 литри), додека другите учесници воопшто не конзумирале алкохол. Сите заедно мораа да решат низа задачи како асоцијација (им биле дадени повеќе зборови од кои треба да состават збор што се вклопува во групата). А резултатот?

Групата што конзумирала пиво решила 40% повеќе задачи отколку трезните, а исто така им требало и помалку време да ги решат задачите! Од друга страна, испитаниците кои конзумирале пиво и решавале креативни задачи подобро од оние кои биле трезни, всушност се претставиле полошо во тестовите за меморија.

Прочитајте исто така интересна теорија на Клиф Калвин (лик од популарната серија „Cafe Cheers“) зошто пивото нè прави попаметни: Нашиот мозок може да работи брзо како најбавната мозочна клетка. Ние исто така знаеме дека прекумереното конзумирање алкохол ги убива мозочните клетки. Но, природно е алкохолот прво да ги убива бавните и слабите мозочни клетки. На овој начин, честото конзумирање на пиво ги елиминира најбавните мозочни клетки и го прави мозокот побрз и поефикасен.

escort - Korsan taksi