Осаменоста е темната страна на работењето од дома… Таа е опасна, а еве како да ја победите!

2 мај, 2020
217675_shutterstock-1694601640_ls

Не само што ја губите продуктивноста, туку ги губите и социјални вештини.
За време на корона пандемијата, повеќето луѓе работат од дома. Но, како што луѓето постепено се враќаат на своите работни места, може да се види темната страна на самоизолација, односно осаменоста.
Осаменоста на работното место може да биде проблем дури и кога работиме во канцеларија, а ненадејната транзиција на работа од дома може да го зголеми тој ризик.
„Ако долго време работевте во контакт со луѓе и сте навикнати на такво работно опкружување, а сега одеднаш работите од дома со многу малку контакти – ова може да биде огромен проблем“, раскажува Бен Фанинг, автор на книги поврзани со работа.

Дури и кога работите од вашиот дом, покрај сопругата и децата кои трчаат низ куќата, сепак можете да се чувствувате осамени.

Истражувањата покажаа дека чувството на осаменост при работа влијае на продуктивноста, а вие може да станете помалку ефикасни како резултат на кој колегите може да престанат да работат со вас.
„Колку сте осамени, толку полошо правите“, вели Сигал Барсаде, професор по менаџмент на Универзитетот во Пенсилванија, и додава:

„Осаменоста може да има надолна спирална траекторија. Почнувате претерано со реакција во социјална смисла и ги губите своите социјални вештини. Вие се однесувате така и сè повеќе тонете во осаменост“.

Осамените работници може да чувствуваат дека нивните колеги ги отфрлаат, оставајќи впечаток дека е тешко да им се пристапи, предупредува Хакан Озчелик, професор по менаџмент на Универзитетот во Калифорнија, додавајќи дека тие одговараат на негативни сигнали додека ги игнорираат позитивните.
Вработените кои веќе се чувствувале запоставени на работното место и кои понекогаш се поздравувале кога доаѓале на работа, може да бидат повеќе склони кон осаменост додека работат од дома.

„Сега веќе нема да го добијат ни поздравот. Ако луѓето не разговараат со нив индивидуално, луѓето што се чувствуваат осамено ќе станат уште повеќе“, вели Барсаде.

Осаменоста не е одлика, туку состојба како глад, објаснува Барсаде.

„На ист начин како кога сме гладни и сакаме да јадеме, така сакаме социјални контакти. Не сакаме да бидеме сами“.

Како да ја победиме осаменоста?

Во овој период, потребни се повеќе напори за планирање на социјални контакти. Треба да се организираат виртуелни состаноци и телефонски разговори со колегите кои можат да ги заменат тие кратки кафиња и собирања по ходниците.

Немојте постојано да се допишувате!

„Телефонскиот повик е многу подобар лек за осаменост отколку е-пошта, смс или социјални мрежи“, вели Фанинг.

Имајте на ум: осаменоста може да го промени вашиот поглед кон меѓучовечките односи. Верувате дека некој намерно ја игнорира вашата е-пошта, но всушност луѓето се трудат да постигнат и работата и со детското онлајн училиште.

Работодавците играат голема улога

„Менаџерите треба да посветат поголемо внимание од кога и да било“, вели Барсаде. Задолжителни се редовни контакти за да проверите како се и да бидете сигурни дека се чувствуваат како тим. Ова има огромна улога во спречувањето на чувството на осаменост во нивниот тим.

„Организирајте редовни состаноци со тимот, но не зборувајте само за бизнисот. Има време и за неформални теми, нели“.

За да започнете со тоа, Фанинг сугерира да го поставите ова прашање:

„Кој правеше нешто забавно овој викенд и сака да зборува за тоа?“

Сепак, треба внимателно да го балансирате чувството за припадност во тимот и малтретирање на луѓето со други проблеми што го губат времето залудно.

 „Не го правете ова да биде исцршувачки, па да доведе до чувство на исцрпеност“, вели Барсаде.