Откриена одлуката на Коби која можеби го чинела живот: За кога Брајант го преместил фаталниот лет?

20 јуни, 20200
kobi

Пет месеци по трагичната несреќа во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант, стануваат познати нови детали за трагедијата што го потресе целиот свет.

Брајант настрада во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, кога хеликоптер Сикорски С-76Б се урна и удри во рид.

Пилотот Ара Зобајан бил дезориентиран поради густата магла, а таа дезориентација му го чинеше животот, како и на Брајант, 13-годишната ќерка на Коби, Џиана и уште шест лица.

Личниот асистент на Брајант, Кејт Брејди, сега открива дека една одлука можеби била пресудна за тој тек на настаните, затоа што Коби побарал да замине 45 минути порано ноќта пред закажаниот лет.

Брајант исто така сакал да го види натпреварот што му претходел на натпреварот на неговата ќерка, па затоа сакал да замине порано од аеродромот Џон Вејн до аеродромот во Камарило.

  • „Тој ден, недела, јас всушност го сменив времето ноќта пред летот, околу 6 или 7 часот попладне. Коби одлучи дека сака да гледа друг натпревар пред да игра Џиана. Требаше да тргне околу 9:45 часот наутро, но ние го преместивме точно во 9 часот ноќта пред тоа“ – рече Брејди, како што објавија американските медиуми.

Возењето со автомобил помеѓу домот на Брајант во Њупорт Бич до Спортската академија Мамба би траело најмалку два часа, а Коби беше и од претходно познат како некој кој често користи хеликоптерски превоз.

Изјавата на Брејди е дел од транскриптот од 1.700 страници направен како дел од истрагата за несреќата. Едно од прашањата ѝ го поставил и Герет Далтон, директор за операции на „Ајленд експрес“, компанијата што го организирала транспортот и фаталниот лет.

  • „Дали Коби би ве притискал или ќе ви викал ако не го повикавте Пети и не прашавте: зошто не можеме да летаме?“ Брејди одговори дека не сака да шпекулира, бидејќи таквата ситуација никогаш не се случила.
  • „Ако имав проблем, доволно долго време бев асистентка на Коби да лично ќе се пријавев да го возам. Но, такво нешто никогаш не се случило и не го знам одговорот на тоа“ – изјавила Брејди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi