Ова бебе има 27 години и е само 18 месеци помладо од неговата мајка: Звучи неверојатно, но вистина е!

2 декември, 2020
tina-i-moli-830x0


Ако некој би ви кажал дека има дете кое е само две години помладо од него, не би му верувале, но благодарение на напредокот на медицината, тоа е исто така можно.


Бебето Моли има само 5 недели, и е само 18 месеци помлада од нејзината мајка Тина, а технички веќе има 27 години. Ништо не ви е јасно така? Па, модерната медицина ни го овозможи тоа.

Моли Еверет Гибсон е родена од ембрион кој беше замрзнат уште во 1992 година, само 18 месеци откако се роди нејзината мајка Тина (29).

Веројатно е тешко за вас да го поврзете сето ова, но што се однесува до нас, Моли е нашето мало чудо – мама Тина изјаву.

Научниците од Универзитетот во Тенеси велат дека Моли ќе влезе во книгата како најдолгиот замрзнат ембрион што е роден.
Моли е родена на 26 октомври и го сруши рекордот што претходно го држеше нејзината сестра Ема, која беше „чувана во мраз“ 24 години, пред да пристигне на овој свет во ноември 2017 година.
Двата ембриони беа замрзнати истовремено во NEDC (Национален центар за донирање ембриони) и тие се генетски роднини, а биолошките родители не се познати.

Голема награда е што може да се види дека ембрионот, кој беше замрзнат пред многу години, сега прераснува во толку убаво бебе – вели д-р Керол Сомерсфелт, директорката на NEDC.

Тина и нејзиниот сопруг Бенџамин (36) дојдоа во NEDC откако пет години се обидоа да имаат дете природно. Бенџамин, всушност, има цистична фиброза, што може да доведе до стерилитет.

Тие прво сакаа да посвојат дете, но тогш, родителите на Тина видоа телевизиски извештај од NEDC и ги советуваа да одат таму.

Отпрвин не сакаа да се согласат, но на крајот го посетија центарот. Ним им беа презентирани профили на 300 странци кои ги донирале своите ембриони.

Тие прво избраа ембрионот кој стана Ема на крајот од процесот. Дури на денот на трансферот на ембрионот, Тина дозна дека ембрионот е замрзнат 24 години.

Кога се роди Ема, тие двајцата беа неизмерно среќни. После неколку години, Тина и Бенџамин сакаа да и направат на Ејми братче или сестриче. Тие долго време не размислуваа, прашуваа во центарот дали има друг ембрион на двојката што ја „замрзна Ема“.

Така се роди Моли.

Се додека правилно ги чувате ембрионите, на минус 396 степени, тие можат да преживеат долго време. Моли е вистински доказ за тоа – вели д-р Сомерфелт.

Моли имала нешто повеќе од 3 килограми при раѓање и таа е слатка, здрава и вистинска девојка. Родителите велат дека се свесни дека нивните деца се чудо, особено во светот на научниците.

Тина вели дека Ема е воодушевена од нејзината сестра која има само 5 недели.

Младата брачна двојка сè уште размислува за проширување на семејството, но сметаат дека ќе го посвојат третото дете.

Не можеме да им обезбедиме на Ема и Моли друг генетски сродник. Ние ги потрошивме сите ембриони што ги имаа во NEDC – се пошегува Тина.

escort - Korsan taksi