Ова е првата личност во светот чие богатство е поголемо од 200 милијарди долари

28 август, 2020
200

Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, е првиот човек во историјата, чие богатство надмина 200 милијарди американски долари.

Според индексот на милијардери на Блумберг, Безос сега е „тежок“ 202 милијарди долари, што го прави побогат за 78 милијарди долари од вториот на списокот на најбогати, ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Богатството на првиот човек на „Амазон“ во најголем дел е сочинето од акциите на компанијата, чија цена постојано расте во последните години, особено во изминатите две години. Безос стана најбогат човек во модерната историја во 2018 година, кога неговото лично богатство порасна на 150 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“ достигнаа врв во април поради големата побарувачка од клиентите, па оттогаш нивната вредност продолжи да расте, давајќи и на компанијата на Безос стотици милијарди долари пазарна вредност, а инвеститорите направија враќање од рекордни 86 проценти од нивните инвестиции годинава.

Компанијата оствари пазарна вредност од 1,7 милијарди долари, со што стана втора највредна американска компанија по „Ејпл“.

Пандемијата на коронавирусост наспроти сите претпоставки, само помогна во растот на „Aмазон“, затоа што потрошувачите беа принудени да се обратат кон онлајн продавниците, вклучувајќи и заштитни маски, средства за дезинфекција, па дури и секојдневни намирници.