Ова се последните зборови на принцезата пред смртта, а од начинот на кој дознале нејзините деца дека починала ќе се наежите

25 август, 2020
dijana

За неколку дена ќе се навршат точно 23 години од смртта на една од најомилените личности од британското кралско семејство, принцезата Дајана.

Околу полноќ на 31 август автомобилот во кој се наоѓала принцезата Дајана, поради неприлагодена брзина и поради возачот кој бил во алкохолизирана состојба, се удрил во еден од столбовите во тунел во Париз. Во истиот момент загинале партнерот на Дајана, Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол.

Единствено телохранителот Тревор Рес-Џонс ја преживеал несреќата, додека Дајана загинала четири часа подоцна во болница.

Во минутите по несреќата, во полусвесна состојба на задното седиште, Џонс вели дека Дајана тивко го довикувала Доди. Таква ја снимиле и папараците кои ги следеле низ цел Париз.

И пожарникарот кој прв стигнал на местото на трагедијата ги опишал последните моменти на принцезата Дајана.

Ксавиер Гурмелон открива дека принцезата била при свест кога ја извадил од уништениот автомобил.

„Бевме многу блиску до местото на несреќата и само три минути им беа потребни на членовите од мојот тим да ја извадат Дајана. На неа немаше ни малку крв. Ја фатив за раката за да ја смирам, а таа ме праша: Господе, што се случи? И дадов малку кислород и брзо ја извадивме од возилото.“

Околу еден часот информацијата за несреќата стигнала и до палатата, каде што на Чарлс му е јавено дека Дајана имала сообраќајка, но дека само ја скршила раката.

Преку новинар околу 3.30 часот утрото принцот и кралицата дознале дека Дајана загинала за време на операцијата. Следел хаос. Елизабета му рекла на Чарлс да не ги буди принцовите, туку да им ги каже тажните вести изутрина.

Чарлс бил надвор од себе. Знаел дека јавноста за сè ќе го обвини него и се плашел дека е загрозен и опстанокот на монархијата. Дополнително се ужаснувал од медиумското внимание за неговата љубовница Камила, која го тешела преку телефон. Утрото оваа тажна вест им била соопштена и на децата на Дајана, принцовите Вилијам и Хaри.

Чарлс заедно со сестрите на Дајана со приватен авион отишле во Париз по телото, а кралицата Елизабета и Филип одбиле да се вратат во Лондон.

Погребот бил одржан на 6 септември, а траел повеќе од пет часа. Дури три милиони луѓе биле на улиците на Лондон, а преносот го следеле околу три милијарди луѓе.

Дајана е погребана на имотот на татко и на островот покрај езерото.