Овие 4 хороскопски знаци до октомври ќе имаат среќа!

2 мај, 20200
live-10036461280-830x0

Плутон носи промена на длабоко ниво.

Плутон е ретрограден од 25 април и ќе остане така до 24 октомври 2020 година.

Плутон е најспората планета во астрологијата. Живее во еден знак во просек од околу 20 години. Поради ова, таа е позната како една од „генерациските планети“ и има големо влијание врз општеството.

За време додека Плутон е ретрограден, имаме можност да се нурнеме во она што лежи под површината. Ова е можност да ја истражиме нашата сенка, да ги откриеме потиснатите проблеми и да се соочиме со нашите потсвесни стравови и желби.

Справувањето со вистината може да биде шокантно за многумина од нас, но има неколку хороскопски знаци кои ќе ја почувствуаат магијата во овој период.

БИК

Плутон создава позитивен аспект за сите бикови, што укажува дека енергијата ќе биде кај нив многу голема. Ќе почувствувате дека сè се спојува на вистинско место, дури и ако некои од вашите планови се променат. Кога станува збор за транзитот на Плутон, промените доаѓаат бавно, но за биковите, тие ќе дојдат лесно. Можете да ги почувствувате промените во начинот на размислување, дури и во образованието или плановите за патувања. Ќе имате нови интереси, животни патеки и ќе го погледнете светот со други очи.

ДЕВИЦА

Девиците ќе почнат да уживаат во нови работи, ќе го поминат своето слободно време поинаку. Плутон ќе донесе повеќе забава отколку болни и тешки ситуации, благодарение на тоа што формира тригон со сонцето. Плутон ќе биде ретрограден во вашиот дом и ќе почувствувате промена кај децата, пријателите и љубовта.  Ако сакате да раскинете со романтични или пријателски врски, сепак би можеле да останете во добри односни.

СКОРПИЈА

Плутон е вашата владеачка планета,  па одлично ќе ја почувствувате оваа ретрограда, но очекувајте позитивна промена овој пат! Ако се случи голема промена во вашиот живот, нема да биде ништо лошо, бидејќи Плутон формира аспект со вашето Сонце, обично поврзано со комуникацијата. Тоа ќе каже дека може да очекувате бројни разговори и дневни состаноци, со пријателите, колегите, познаниците, што ќе имаат големо влијание врз вашиот живот.

РИБИ

Интензивните транзити на Плутон можат да бидат тешки за сонувачките, емоционалните и духовните риби, но за среќа оваа планета формира поволен аспект со вашето Сонце, така што ќе ги почувствувате сите измени кои ќе доаѓаат постепено во вашиот живот, со „нежни бранови“. Плутон воопшто нема да ви се меша, ниту пак ќе ви донесе проблеми. Иако промените ќе влијаат на вашите желби, надежи, па дури и сферата на општеството, тие нема да бидат драматични. Прифатете ги.. ново друштво, интереси, идеи, затоа што со тек на време сè ќе дојде на свое место и ќе бидете среќни за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi