Папараци ја сликале девојката на Бред Пит без трошка шминка: Никол Потуралски не ја симнува насмевката од лице!

30 септември, 2020
2313511_collage_ls

Германската манекенка Никол Потуралски беше фотографирана на премиерата на новиот филм „Џим Батон и 13-те диви“ во Берлин. Никол се појави сама на настанот, што ги натера многумина да се запрашаат каде е нејзиното ново момче, славниот актер Бред Пит. Сепак, Никол цело време имаше насмевка на лицето и им позираше во видливо расположение на насобраните папараци.

За оваа пригода таа облече тренди кожен капут, тесни црни панталони, а овој есенски стајлинг го комплетираше со кафеав шал. Исто така, таа беше во целосно опуштено издание без трошка шминка на лицето, а многумина ги воодушеви со својата природна убавина.