Пазарот на луксузни производи нема да закрепне до 2022 година

21 мај, 2020
луксуз

Побарувачката за луксузни производи се намали. И така ќе биде барем до крајот на оваа година. Ова се наведува во извештајот на CNBC и Bain & Company, кој беше наречен „Bain & Company Luxury Study 2020 Spring Update“.

Извештајот беше објавен во соработка со Фондацијата Алтагама.

Во извештајот се заклучува дека побарувачката опаднала поради пандемијата „ковид-19“ и нема да закрепне наскоро.

Побарувачката за луксузни производи се предвидува да се намали за 35% до крајот на оваа година во однос на минатата година. Но, исто така се наведува дека индустријата за луксузни добра ќе се трансформира, сега се бараат креативни решенија кои ќе ги задоволат потребите на нови потрошувачи и нови навики.

Падот на побарувачката за луксузни производи особено влијаеше на стагнацијата во туризмот. Познато е дека туристите се големи потрошувачи и дека туризмот е клучен фактор во побарувачката на луксузни добра.

Туризмот претрпува големи загуби и земјите што се пожелни дестинации сега се обидуваат да привлечат туристи ветувајќи безбедни одмори. Но, дали тоа ќе функционира, ќе се види во наредните месеци.

Според предвидувањата во извештајот, се посочува дека нивото на ланската продажба на луксузни производи ќе се достигне за две и можеби за три години.

Сепак, некои пазари ќе остварат добра продажба. Кинескиот пазар е водечки во тоа, каде што ќе се продаваат скоро половина од луксузни предмети. Прогнозата за другите земји не е толку сјајна.