3 јуни, 2020

Таа не тагуваше долго.

Иако светската суперѕвезда, 31-годишната Ријана ја прекина својата тригодишна врска со саудискиот милијардер Хасан Џамил минатата недела, се чини дека веќе најде утеха во прегратките на друг маж. Имено, пејачката не „плачеше над истуреното млеко“ долго време, па неодамна беше видена во друштво на раперот популарно познат како АСАП Роки, пренесува американскиот таблоид „The Sun“.

Двајцата музичари беа забележани како уживаат во заедничкото друштво за време на хуманитарниот концерт во Бруклин кој се одржа минатата недела. Ако му се верува на анонимниот извор кој зборувал за гореспоменатиот таблоид, новата двојка веќе некое време ја негува пријателска врска, но сега конечно решиле да дадат шанса за нешто повеќе. „Тие заедно го напуштија концертот, а потоа се упатија кон хотелската соба каде заедно ја поминаа ноќта“, кажа истиот извор, кој откри дека парот не размислува премногу за иднината, туку само сакал да се забавува, заклучи тој.

Инаку, ова не е прв пат медиумите да ја поврзуваат оваа ѕвездена двојка. Во 2013 година се појавија знаци кои сугерираат на нивна романса, но тогаш раперот брзо негираше сè. „Не ја гледам на тој начин. Точно, таа е многу привлечна, но нема ништо меѓу нас“, кажа тој, но сега се чини дека клекна пред нејзината привлечност.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // По раскинувањето на врската со саудискиот милијардер, Ријана веднаш се најде во друга врска
Горе