Подморница за двајца што можете да ја донесете на море!

26 април, 20200
61871668

Тежи само 2500 килограми, што ја прави најлесната подморница управувана од човекот во светот.

Отсекогаш сте биле заинтересирани за подводниот свет? Дали сте љубител на необични морски активности? Дали имате 975 илјади евра на располагање? Тогаш, лична подморница по име Немо е вистинска за вас.

Немо е дело на холандската компанија U-Boat Worx, која веќе се докажа како сигурен извор за комерцијални подморници. Немо е подморница за две лица која може да се нурне до длабочина од 100 метри. Се движи со брзина од 3 јазли, а вие може да бидете под вода и до осум часа.

Подморницата е долга 280 сантиметри, широка 231 сантиметар и висока 155 сантиметри. Со други зборови, таа е мала и компактна и може да се носи на плажа со приколка за автомобили и да се користи каде и да сте.

Кормилото на подморницата наликува на предниот дел на автомобил и обезбедува непречен поглед на морското дно.

Во моментот се добиваат нарачки за набавка на подморници, а цената вклучува 12-дневен курс за управување со брод на карипскиот остров Курасао.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *