Пол Мекартни (78) сè уште користи еднa работа што ја купил кога имал 14 години

23 август, 2020
Annotation 2020-08-23 213827

Некои работи не треба да се менуваат

Пол Мекартни (78) во текот на својата долга кариера објави бројни хитови, било како член на групата „Битлси“ било самостојно.

Како што пишуваат странските медиуми, тој никогаш не сменил едно нешто, а го поседува веќе 64 години.

Имено, станува збор за засилувач “Little Green Amp’ – the Elpico AC55” што го купил од своите заштеди во периодот кога бил тинејџер. Поточно, кога имал 14 години.

Овој уред е дизајниран да засили еден грамофон и два микрофони, а Пол го користел како засилувач на гитара.

– Ова е мојот прв засилувач некогаш. Како што можете да видите, тој е многу во 50-ти стил, изгледа како мебел од 50-тите… Ова е првото нешто што го чувам оттогаш. Морав да го поправам затоа што е стар – рече Мекартни.

Погледнете го засилувачот што Пол Мекартни сè уште го користи и денес.

Погледнете го видеото од 1997 година каде можете да го видите истиот засилувач:

escort - Korsan taksi