После брачната криза со Амал, Џорџ Клуни пронајде утеха во колешката

4 март, 20200
џ

Според пишувањето на магазинот „Woman’s Day“, брачната криза на парот Клуни не прекинува. Поточно, во последните месеци, еден од најинтригантните парови во Холивуд е честа мета на медиумите, чии шпекулации за нивниот развод се сѐ погласни. Но, овој пат, во нивната врска е вклучено трето лице. Станува збор за актерката Џулија Робертс, со која, наводно, пронашол утеха.

Според споменатото списание, Џорџ минатата недела ја напуштил сопругата Амал и нивниот дом во Англија и отишол во Лос Анџелес за да одвои време само за себе. Таму, како што велат, пред да замине во неговиот дом, свратил кај неговата колешка. „Џулија беше првата личност што ја посети Џорџ кога се врати. Тој го замолил својот возач да го одведе директно во нејзината куќа во Малибу “, изјавил за весникот анонимен извор близок на 58-годишникот. Приказната не застанува тука. Двајцата уживаале во повеќечасовниот разговорот во кој актерот се пожалил за љубовната ситуација со сопругата.

 Ова е токму она што им беше потребно на двајцата. Исто како што Џорџ има проблеми со Амал, ниту во брачниот живот на Џулија и сопругот на Дани Модер со кого е од 2002. година, не цветаат рози. Џулија отсекогаш го сакаше Џорџ и еднаш го опиша како оној што избегал, па јасно е дека тие секогаш биле многу блиски. Бидејќи за потенцијалните разводи се зборува сè повеќе, можеби е совршено време да си ги признаат своите чувства и да направат голем чекор “, рече изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi