Познатиот актер ја погали Иванка Трамп по голите нозе, а таа се смееше и не се побуни

6 септември, 2020
811725_ivanka-tramp_ls


Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп и неговиот советник во Белата куќа отсекогаш биле во центарот на вниманието. Имајќи предвид дека сегашниот претседател на САД беше еден од најбогатите и најпознати личности во Америка, но и во светот, неговата ќерка, која наследи убавина на нејзината мајка, отсекогаш била во фокусот на медиумскиот и јавниот интерес.

Овој пат, ве потсетуваме на нејзиното познато гостување во емисијата со Џими Кимел во 2007 година, што предизвика големо внимание во САД, особено заради однесувањето на актерот и комичар Енди Дик. Тоа беше во време кога не се ни сомневаше дека нејзиниот татко Доналд еден ден ќе биде првиот човек на најмоќната земја во светот. Она што се памети по целото гостување е однесувањето на 16-години постариот телевизиски актер кој неколку пати ја допре Иванка на голите нозе и бутовите за време на шоуто, воодушевувајќи се на нејзината убавина, сето тоа како шега.

Многумина сметаа дека оваа шега е претерана и дека всушност станува збор за класично сексуално вознемирување прикажано на телевизија во една од најпопуларните американски емисии. Сепак, Иванка во тоа време главно беше насмеана и не се однесуваше како да е премногу непријатно.

escort - Korsan taksi