Пред точно 40 години Марк Чепмен со 4 истрели во грбот го уби Џон Ленон: Неодамна повторно побара помилување!

15 декември, 2020
h_15463310_1024

Во Њујорк, пред 40 години, Џон Ленон, Битлс и еден од најголемите изведувачи на 20 век, беше убиен со четири истрели во грбот. Фановите на Битлси се уште со тага се сеќаваат на овој ден и го слават ликот и делото на славниот музичар.

Неговиот убиец, Марк Дејвид Чепмен, имал сериозни ментални проблеми. Иако, тој самиот ги сакал Битлси и Ленон, често велел дека треба да биде убиен, дури може да се каже дека бил опседнат со тоа. За жал, никој не реагирал на време. Чепмен долетал од Хаваи, непосредно пред убиството и како Холден Колфилд од „Ловец во жито“ на Ј. Д.Селингер, го обиколил градот. Овој настан е толку добро познат, што секој што некогаш ја држел таа книга во рака, веројатно слушнал кој, исто така, ја имал со себе и во кој момент.

Чепмен, тој ужасен 8 декември 1980 година, не го застрелал Ленон веднаш. Тој и Јоко Оно најпрво биле запрени на излезот од станбената зграда „Дакота“ кадешто живееле, на пат кон лимузината. Музичарот го потпишал својот автограм на неговата плоча и тој навидум се оддалечил. Дури во 22 часот и 50 минути, кога двајцата се враќале кон нивниот стан во близина на Централ парк, Чепмен извадил пиштол и пукал. Со четири куршуми во грбот, Џон Ленон починал на лице место.

Убиецот е уапсен на само неколку метри од местото на злосторството и осуден на 20 години затвор до доживотен, а тој се уште ја издржува казната. Сега има 64 години, остарен е и целосно променет. Тој неодамна побара ослободување од затворот по 10-ти пат, но повторно беше одбиен. За себе вели дека никогаш не се чувствувал засрамен од своите постапки, но денес е добро свесен колку е ужасно тоа што го сторил.

Сепак, тешко дека постои порота којашто ќе се сожали на него. Освен очигледната причина, а тоа е ужасното убиство, многу обожаватели се особено бесни кога ќе се сетат дека Ленон таа година, за прв пат по долга пауза во кариерата, повторно започна да издава музика и реши да и се врати на работата.. Чепмен дури и пишувал и на Јоко Оно за да се смилува, но засега ништо не му успеа и тој останува во затвор.