Прељубата пресуди! Сопругата на Џастин Тимберлејк сепак не може да му прости

7 февруари, 20200
Capture

Иако се шпекулираше дека музичарот Џастин Тимберлејк и неговата сопруга, актерката Џесика Бил, го надминале проблемот за наводната прељуба што се случи во ноември минатата година, новите информации што ги пренесе таблоидот „Star“ го зборуваат сосема спротивното. Имено, извор кој сакаше да остане анонимен тврди дека во целата драма се вклучени  и адвокатите затоа што наводно размислувале за развод. „Тие се обидоа да го надминат ова, но тензијата меѓу нив е сè  поужасна. Тие решија да се консултираат со адвокатите, па дури и имаа состанок за тоа што ќе се случи со нивниот имот доколку се разведат “, открива изворот, кој повторно отвори прашања за целиот скандал во врска со колешката на Џастин, Алиша Вејнрајт. Она што изворот го посочува како најголем проблем е нарушената доверба што Џесика во никој случај не може да ја обнови.

Токму овие информации ги потврдуваат тврдењата на друг извор близок на парот, кој пред неколку зборуваше дена за напнатоста што продолжува да преовладува во нивниот брак, кој трае од 2012. година. „Џесика е лута затоа што тој не го исполнува своето ветување. Тој рече дека ќе посвети поголемо внимание на семејството. Тој знае дека ќе мора уште многу да работи за да го поправат односот. Се обидува напорно, ја резервираше најдобрата маса во нивниот омилен ресторан, со надеж дека ќе ја потсети на убавите моменти. Тој организираше интимни вечери, прошетки и романтични патувања. Тој веќе не пие, а излегувањето со другарите стана минато “, изјави изборот.

Потсетуваме дека откако неколку дена се пишуваше за скандалот, Џастин одлучи јавно да се му се извини на семејството преку социјалните мрежи. „Пред неколку дена бев мета на критики, но сега сакам да кажам јавно – ништо не се случи меѓу мене и мојата колешка. Таа ноќ испив премногу и не сум горд на моето однесување. Требаше да постапам подобро. Ова однесување не е добар пример што сакам да му го пренесам на мојот син. На овој начин сакам да им се извинам на мојата сопруга и семејството за сè што им приредив“, рече тој.

Сепак, во нивниот дом, не цветаат рози веќе некое време и им претстои тежок период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi