Пресметајте го својот судбински број. Дознајте што се ве чека во животот за помалку од една минута

16 мај, 20200
shutterstock1033413922-830x0

Во текстот се прецизни упатства како да го пресметате својот судбински број и кои се неговите толкувања. Потребна ви е само една минута

Доколку можете да го пресметате својот судбински број кој е поврзан со вашето име и датумот на вашето раѓање, ќе можете да ја предвидите иднината.

Секој број има единствена енергија заради што сметањето на животниот и судбинскиот број е неверојатно лична и важна задача.

Додека бројот на вашиот животен пат е увид во вашата личност, вашиот судбински број ги открива вашите наклонетости, односно за што сте преодредени да правите во животот. Посебно е корисен за изборот на кариерата. Но исто така, покажува каква личност ќе станете, кои особини ќе ги развивате како стареете. Доколку ги споредите вашиот животен пат и бројот на судбината, ќе имате непроценлив увид во одлуките кои треба да ги донесете во клучните моменти од вашиот живот- од селидба, промена на работното место или започнување и прекин на врска.

Судбинскиот број се смета така што ќе ги соберете сите цифри од датумот на вашето раѓање. Ако е некој роден на 04.11.1988, тогаш треба да собере на овој начин 4+1+1+1+9+8+8=32 па понатаму продолжувате да ги собирате додека не добиете едноцифрен број, пр. 3+2=5 што значи дека судбинскиот број на личноста родена на 04.11.1988 е бројот 5.

Пресметајте го својот судбински број и погледнете го значењето

Број 1

Ова е генерално добар судбински број. Луѓето со судбински број 1 имаат посебен начин на водење на животот и работата кои можеби не се во склад со друштвените норми. Мотивирани и горделиви, тие се пример на лидери кои не сакаат да примаат наредби и повеќе преферираат да бидат главни. Ако неможат сами да донесат одлука, често почнуваат да тежнеат кон авторитет или кон самостојна работа. Судбинските единици се често сопственици на фирми, менаџери, супервизори, раководители, тим лидери, дизајнери, изумители, луѓе кои се бават со креативни идеи, животни тренери кои се бават со имот или недвижности.

Број 2

Личностите кои имаат судбински број 2, се миротворци со природни особини да утешат или излечат луѓе, животни и околината околу себе. Нивна најважна задача во животот е да научат себе си да се постават на прво место затоа што луѓето често ги користат. Двојките се фантастични советници, секретари, помошници, наставници, аналитичари, ревизори и сметководители.

Број 3

Луѓето со судбинскиот број 3 се природно забавни личности кои сакаат да ги изразуваат своите многубројни таленти и способности. Имаат добар смисол за хумор и уживаат во дружење со други луѓе. Мораат да бидат претпазливи да своите зборови ги користат на позитивен, а не на негативен начин, да охрабруваат и да инспирираат наместо да критикуваат, озборуваат и да се жалат. Тројките работат во креативни индустрии и се фантастични уметници, глумци, писатели, говорници, учители, продавачи, стјуарди/стјуардеси, дизајнери на ентериер, терапевти, готвачи, модни стилисти, шминкери.

Број 4

Бројот 4 не е добар судбински број бидејќи пред се, тера на напорна работа. Судбинските четворки се посветуваат на своите цели и се предадени на работата. Тие се камен темелник за секое претпријатие, а точноста и вниманието кон деталите ги прават талентирани ревизори, книговодители и градежници. Иако четворките имаат одлично изразена логика, практични се и доверливи (што се сигурно најважни карактеристики за секого), понекогаш може да имаат и корист доколку се опуштат и ги игнорираат сериозните теми и размислуваат вон рамките. Четворките се фантастични извршни директори, менаџери, сметководители, ревизори, уредници, анкетари, аналитичари, банкарски и финансиски професионалци, градежници, инжињери, архитекти и стручњаци за спроведување на закон и имот.

Број 5

Петките се личности кои ја сакаат слободата, не поднесуваат никаков вид на ограничување и уживаат во својата единственост. На овие авантуристи никогаш не им е досадно, тие ја сакаат неизвесноста бидејќи нивните животи се преполни со акција и возбудувања. Мулти талентирани, прилагодливи и сестрани, петките се добри во многу нешта. Тие дури и имаат многу различни типови на работа во текот на својата кариера. Што и да одлучат да направат, тие се природно добри продавачи, консултанти и советници со талент за работа со луѓе. Петките се фантастични проект менаџери, евент планери, промотери, публицисти, истражувачи, новинари, писатели, наставници, советници, консултанти…

Број 6

Шестките уживаат кога има помагаат на другите. Без разлика дали му помагаат на пријателот да излечи скршено срце или негува член на семејството, судбинските шестки сакаат да бидат од корист. Ако било кога ви е потребен лојален пријател или рамо за плачење, можете да се потпрете на нив.

Но тие можат да бидат перфекционисти кои се чувствуваат недоволно успешни и колку и да работат, се им изгледа дека не остваруваат доволно. Бидејќи даваат повеќе отколку што примаат, другите често ги земаат здраво за готово, па дури и ги користат. Шестките се фантастични учители, терапевти, стилисти, дизајнери, нутриционисти, лични и животни тренери.

Број 7

Седумките се талентирани решавачи на проблеми кои се желни за знаење, мудрост и разбирање. Без разлика дали е тоа желба за разбирање на човековото однесување, механика која е дел од некоја машина или природата на самиот универзум, судбинската седмица секогаш бара одговори и значења. На личностите кои имаат седмица како судбински број, им е потребна нивната приватност и време за себе како би се препуштиле на размислување и посматрање на некои делови од минатото. Нивната животна поента е откривање на нивната духовна приказна одвнатре и гледање вон површината како би откриле тајни и мистерии за универзумот. Седмиците се фантастични психијатри, психолози, терапевти, наставници, научници, филозофи, новинари, инжињери, сметководители, ИТ консултанти, програмери, алтернативни терапевти и духовни учители.

Број 8

Осмиците работат на себе и својата кариера. Посветени се на бизнисот и на идејата за остварување поголема заработка. Нивната способност за привлечност е голема и успехот зависи од позитивното размислување за животот бидејќи нивните доста моќни умови, привлекуваат се што мислат и во што веруваат. Тоа е случај со секое човечко суштество, но двојно повеќе за луѓето со судбоносен број осум. Осмиците се фантастични сопственици на претпријатија, извршни директори, супервизори, менаџери, банкари, финансиски и правни стручњаци, проект менаџери и раководители во претпријатија.

Број 9

Биејќи се сочуствителни, пожртвувани и љубезни, деветките сакаат да помагаат на другите. Во животот често ќе се среќаваат со широк спектар на искуства и ќе дојдат во контакт со разнолик круг на луѓе од повеќе слоеви на животот. Овие луѓе, искуствата ќе ги научат на трпение, разбирање и толеранција и на тоа како помалку да ги осудуваат останатите. Деветките се фантастични учители, терапевти, социјални работници, здравствени работници, политичари, активисти, еколози, адвокати, уметници, писатели, глумци, музичари, фотографи, дизајнери, лични тренери и фитнес инструктори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *