Принцот Вилијам и Кејт имаат голема причина за славење!

22 јули, 2020
kral

Принцот Џорџ денес го слави својот седми роденден, а во таа прилика палатата објави нови, роденденски фотографии од симпатичното момче, кои беа направени во семејната градина од страна на војвотката од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон. Фотографиите објавени по повод неговиот роденден ни покажуваат дека третиот наследник на британската круна е веќе големо момче. Како и обично, Кејт уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот талент за фотографирање, кој е на завидно ниво. Имено, фотографиите на војвотката секогаш се оние што семејството им ги презентира на јавноста на некои големи годишнини или празнични прилики, а нивната природност ги воодушевува фановите.

Разбушавената руса коса, широката насмевка и полните образи на славеникот го освоија Интернетот, а на честитките им се придружија и бројни следбеници кои истакнаа дека Џорџ е неодолив.

‘Среќен роденден на малечкиот слаткиш кој ни ги украде срцата пред седум години. Уште се сеќавам колку со нетрпение го чекавме неговото раѓање. Не можам да верувам дека таа веќе не е бебе “, е еден од коментарите.