Прослава во домот на Тамара Тодевска: Неполн месец пред Нова Година пејачката имаше убав повод за славење (фото)

14 декември, 2020
tamara

Тамара Тодевска и нејзиното семејство, изминатите месеци додека траеше и се уште трае пандемијата со коронавирусот ги поминуваа на релација Скопје – Гевгелија.

И самата пејачка истакна дека во нејзиното семејство имало заразен на корона, односно нејзиниот сопруг бил позитивен, па таа и децата биле две недели во изолација.

Меѓутоа, изминатиот викенд, Тодевска имаше убав повод за славeње поради кои ги собра најблиските, како и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и  нејзината другарка, моделот Катарина Ивановска.

Имено, пејачката и сопругот го прославија роденденот на нивниот син Дарен кој наполни две години.

Бидејќи Тодевска е активен корисник на социјалните мрежи, ни овојпат не испушти да фотографира и да се пофали со атмосферата од роденденот. Тука беше и тета Тијана која ги сними среќните и радосии деца.

Дарен за роденден доби торта во форма на количка, а мама Тамара среќна и радосна позираше покрај синчето и ќеркичката.

„Среќен роденден Дарен“, напиша пејачката на една од последните објави на Инстаграм.

Под коментарот се нижеа честитки, меѓу кои и оној на Елена Ристеска: Најсреќен роденден на Дарен.  Мачиња златни и на двајцата“.

Среќен роденден Дарен!

escort - Korsan taksi