„Протекоа“ фотографии од пријателката на принцот Ендрју која се фотографирала на местото на кралицата

12 август, 2020
Annotation 2020-08-11 222221

Принцот Ендрју, кој отстапи од кралските должности, е поврзан со починатиот сексуален предатор Џефри Епстеин, а минатиот месец е фатена Гхислаин Максвел за која се трвди сека заведувала малолетници.

Профилите на социјалните мрежи кои припаѓале на принцот Ендрју (60) се отстранети од официјалната веб-страница на кралското семејство. Принцот Ендру поднесе оставка од своите кралски должности минатата година, по вмешаноста во скандалот со Џефри Епстеин. Името на 60-годишниот принц е поврзано со 66-годишен регистриран сексуален предатор кој почина минатата година во затвор во Њу Јујорк, во сè уште необјаснети околности. Епстеин бил задржан без кауција под обвинение за сексуално тргување со малолетни лица.

Принцот Ендру поднесе отстапи од должностите откако се посрамоти во интервјуто за Би-Би-Си, кога се обиде да ги негира тврдењата на Вирџинија Робертс (37), која тврди дека морала да спие со него како тинејџерка. Тој рече дека не се сеќава на ниту една личност со тоа име ‘и дека целата ситуација што таа ја опиша е сосема непозната за него, иако има фотографии од нив заедно во еден ноќен клуб.

Откако поднесе оставка, скандалот само се зголеми, а врвните правници го повикаа принцот да одбие да соработува во истрагата.

Гислаин Максвел (58), блиска пријателка на принцот Ендрју, за кој се тврди во обвинението дека мамела малолетни лица, исто така е уапсена минатиот месец. Минатиот месец беа објавени фотографии од неа со актерот Кевин Спејси (61), како седи на кралскиот престол, во кои седат само кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг Филип (99).

Фотографиите го налутија британското кралско семејство и го доживејаа тоа како голема навреда, а само нивниот пријател – синот на кралицата Ендрју – можел да ги донесе таму. Затоа, официјалната веб-страница на принцот Ендрју сега е отстранета и thedukeofyork.org повеќе не постои, а врската води до веб-страницата на кралското семејство Royal.uk.