Разголениот крал на Инстаграм и неговите девојки уживаа во хрватскиот Н.п Крка

11 јули, 20200
Annotation 2020-07-11 171559

Дан Билзеријн го посети Националниот парк Крка и беше во придружба со седум девојки.

Кралот на Инстаграм и мултимилионерот Дан Билзериан ужива на одморот во Хрватска, каде пристигна со армија девојчиња кои го следат насекаде во жешки панталони и костими за капење и не се одвојуваат од него.

Друштвото одмара на луксузната јахта и го обиколуваат крајбрежјето на Хрватска, кои на кратко ја напуштија јахтата и со глисер отпатуваа во Националнио парк Крка. Дан не се осврнуваше на фотографите, а седумте девојки кои беа со него уживаа во секој момент и не ја симнуваа насмевката од своите прекрасни лица.

Сите девојки беа во жешки панталони и костуми за капење, како и 39-годишниот Дан Билзериан кој прошета без маица и го покажа својот извежбан стомак на кој е многу горд.

Дан освен Националниот парк Крка го посети и Хвар, Дубровник и Сплит, а со фотографии се фали и на својот инстаграм профил каде го следат 31,9 милиони следбеници

Неговиот имот се проценува повеќе од 100 милиони долари, кои во главно ги заработил на коцка со карти, кој ја усовршил уште во судентските денови на универзитетот во Јужна Флорида. Освоил повеќе турнири, а во 2013 заработил дури 10.8 милиони долари во само една вечер.

Објавите на Дан на друштвените мрежи кои се претерани и понекогаш бизарни придонесоа да ја добие титулата “Кралот на Инстаграм”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *