Ријана го најави издавањето на книгата за готвење и ја откри тајната на нејзината витка линија!

21 декември, 2020
1374187

Иако нејзината армија фанови веќе четири години со нетрпение го чекаше новиот албум, претприемничката Ријана има и други планови.

Деновиве таа откри дека работи на сопствена книга за готвење полна со рецепти за омилените јадења од родниот Барбадос, каде што уживаше на годишниот одмор во последните денови.


Иконата за музика, мода и убавина во новото интервју за магазинот Closer зборуваше на темата за нејзината диета, откривајќи дека никогаш нема да си забрани мали задоволства како чизбургер.

„Ако сакам да јадам чизбургер, ќе го јадам, а потоа ќе започнам да вежбам три или четири пати неделно, бидејќи ми е важно да се чувствувам здраво“, рече таа.


‘Да се ​​чувствувате пријатно во вашата кожа е еден вид патување. Сите мора да научиме да се сакаме себеси. Ако навистина размислиме за тоа, сигурна сум дека сите сме во состојба да ги пронајдеме своите физички недостатоци, но кога навистина ќе научиме да се сакаме, целосно ги прифаќаме“, изјави sвездата од Барбадос.


Како што имаше можност да открие, деновиве работи на сопствена книга за готвење со која планира да ги комбинира сите рецепти за нејзините омилени јадења од Барбадос каде го поминува Божиќ со семејството и пријателите.


„Чувствувам мир кога сум таму. Барбадос е најубавото место со неверојатни плажи, храна и луѓе. Иако звучи клише, јас навистина уживам во божиќните празници и украсувањето на боровите. Тоа е само една од оние традиции што официјално најавуваат почеток на нова празнична сезона“, открива Ријана, чија новогодишна желба е да ја подигне својата музика и брендот на долна облека и козметика на ново ниво.

Иако се обидува да го скрие приватниот живот од јавноста, последните месеци ги полнеше медиумските колумни со нејзината врска со музичкиот колега А$ап Роки, откако во јануари оваа година ја прекина тригодишната романса со саудискиот милијардер Хасан Џамил.

escort - Korsan taksi