Рос одговори на прашањето кое ги „мачи“ фановите на Friends над 20 години

25 јули, 20200
Рос одговори на прашањето кое ги „мачи“ фановите на Friends над 20 години

Рејчел и Рос се еден од најомилените телевизиски парови, а прашањето поради коe вечно се караа знае да ги раскара и фановите на серијата „Friends”.

Секако, станува збор за прашањето дали тие биле или не биле на пауза во врската. 

Инаку, епизодата од која сè започна, кога Рејчел дознава дека Рос бил со друга жена, за првпат е емитувана во февруари 1997 година, што значи дека оваа расправа трае повеќе од 20 години.

Неодамна, водителот Џими Фалон му го поставил спорното прашање на актерот Дејвид Швимер кој во серијата го глумеше Рос и го замолил да го даде своето мислење на оваа тема.

“Луѓето страсно се караат околу тоа дали тие двајца биле на пауза или не биле. Тоа воопшто не треба да биде прашање: тие беа на пауза”, раскажал Дејвид и додал дека некои луѓе на улица му го довикуваат своето мислење околу тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi