Сѐ се дозна – Кејт Мидлтон ја посети сестрата на неговиот сопруг која ја кријат од јавноста!

28 јули, 2020
kejt

Уште од пред неколку месеци во јавноста се појавија информации дека 71-годишниот принц Чарлс и прерано починатата принцеза Дајана, покрај нивните синови, 38-годишниот принц Вилијам и три години помладиот принц Хери, имаат ќерка – Сара Спенсер. За таа тема во последно време постојано се пишува во бројни таблоиди. Списанието Globe, вели дека Кејт Мидлтон решила да се сретне со својата снаа за време на тајната посета во Америка.

Имено, како што откри неименуван извор за споменатите медиуми, за време на една од посетите на Америка, војвотката од Кембриџ решила да го искористи слободното време за да се сретне со тајната сестра на нејзиниот сопруг. Сепак, за да го сочуваат нејзиниот идентитет, Вилијам и Кејт сето ова го направија во тајност.

Исто така, истото списание наведува дека во моментот кога се запознала со нејзината снаа, Кејт била бремена и сакала да ја запознае подобро, за таа во иднина да може да биде во контакт со нејзините внуци. Истата ситуација, според странските таблоиди, ја доживеала Меган Маркл, која исто така ја запознала наводната тајна сестра на нејзиниот сопруг за време на бременоста со Арчи, која ја предупредила да внимава на принцот Чарлс, изјавувајќи дека тој е исклучително опасен човек.

Сепак, и покрај тврдењата на медиумите, кралското семејство никогаш официјално не потврдило дека британскиот наследник на престолот и трагично починатата принцеза имале тајно дете, а некои портали, како што е Gossip Cop, велат дека тоа не е вистина.