Сара Мејс: „Не треба да се плашиме, ТРЕБА ДА ВНИМАВАМЕ!“

7 декември, 2020
saraaa

Мислам дека стравот oд коронавирусот нема како да вроди со плод. Ниту пак „неживеењето” и „непостоењето”. Не е поентата да се „претпазиш од нешто”, разболувајќи се од друго нешто. Не треба да се плашиме, треба да внимаваме. Под внимавање подразбирам да се грижиш за своето здравје преку правилна исхрана и спорт. И дистанца. Маските колку што не’ „штитат“, толку и не’ разболуваат, вели пејачката Сара Мејс

За себе ќе каже дека семејството и музиката и се двете најголеми музи.

-Тоа се моите љубови, па затоа можеби и не ги гледам како обврски, туку како „живеење, битисување, постоење”….Лесно е кога нешто сакаш многу силно. Просто наоѓаш време… вели Сара.

На прашањето за тоа дали има идеја или предлог како да се организираат настапите и како да се крене свеста на луѓето кои доаѓаа да ги почитуваат мерките, вели дека треба да има санкции за оние кои не ги почитуваат мерките, а не сите поради нив да страдаат.

-Одговорот се крие во прашањето.  Тие што не ги почитуваат мерките треба да сносат последици. А не сите заради нив.  Зошто музиката е храна. Духовна. Лек. Начин на живот. Како сакате. Има луѓе на коишто им е навистина многу потребна, смета таа.