Се случи она од кое сите стравуваа: Регистриран првиот случај на заболен од корона вирус и грип ИСТОВРЕМЕНО!
13 октомври, 2020

Првиот случај на лице со корона и грип е регистриран во Мексико. Станува збор за 54-годишна жена која има неколку придружни болести. Таа во моментов е во болница, во стабилна состојба, пренесуваат светските медиуми.
Лекарите ширум светот се загрижени дека ќе има повеќе вакви случаи затоа што сезоната на грип штотуку започнува, а тие исто така велат дека лицето кое ги има еден од овие два вируса станува поподложно на другиот. Според податоците на веб-страницата „Светометар“, Мексико е деветти во светот по бројот на заразени со короната – 817 503, а во таа земја досега починале 83 781 лице.