Сепак Меган го избра пријателството со Џенифер

10 февруари, 20200
meghan

Пријателството со војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, во моментов е едно од најпосакуваното во Холивуд. Сепак, додека списокот на sвезди кои би сакале да бидат видени со кралска двојка е доста голем, само неколкумина успеаат во тоа. Откако медиумите неодамна објавија за војната помеѓу Анџелина Џоли и Џенифер Анистон за наклонетоста кон Меган Маркл, на друга холивудска ѕвезда тоа и тргна од рака.

Поточно, како што пренесува „Page Six“, Меган и Хари биле видени на вечера со латино пејачката Џенифер Лопез и вереникот Алекс Родригез. „Хари и Меган одлично се согласуваат со Џенифер и Алекс. Џенифер дури и ја покани кралската двојка да дојде заедно со нивниот син Арчи за да се дружи со нивните деца. ‘, Изјави еден маж кој се наоѓал во истиот ресторан и слушнал за сѐ што зборуваат.

Инаку, иако никој од главните актери сè уште не се огласил за новите шпекулации, а наводното пријателство меѓу поранешната актерка и една од најпопуларните пејачки го привлече вниманието на бројните обожаватели кои се убедени дека паровите од заедничкото дружење можат само да профитираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *