Серена Вилијамс и Натали Портман станаа сопственици на фудбалски тим!

22 јули, 2020
natalie

Инвестициската група наречена „Angel City“ предводена од оскаровската актерка Натали Портман, во која спаѓа и најдобрата тенисерка на сите времиња Серена Вилијамс, ќе го финансира фудбалскиот клуб со седиште во Лос Анџелес, кој ќе се натпреварува во Американската Национална фудбалска лига на жени (NWSL) од 2022 година.

“Денес преземаме возбудлив чекор со објавување на првата сопственичка група, претежно составена од жени. Нашата цел е заеднички да изградиме не само тим за победници на теренот, туку и да развиеме страсна навивачка база”, рече Натали Портман, една од основачите и добро познати активисти за правата на жените. Девет екипи во моментов се натпреваруваат во NWSL, но ниту еден не е од Калифорнија.

View this post on Instagram

Happy PRIDE! #loveislove🌈

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman) on

„Веќе долго време го баравме вистинскиот партнер во Лос Анџелес, со оглед дека веќе постои фан-база таму, а има голем интерес за женскиот фудбал во регионот во целина. Овие фактори, заедно со неверојатна група на сопственици, претставуваат идеална можност, рече комесарот на NWSL, Лиза Баерд.

Претседател на групата на сопственост, која претежно ја сочинуваат жени, е медиумскиот претприемач Јули Урман, а инвестицискиот дел од оваа приказна ја водат сопругот на Серена Вилијамс и ко-основачот на интернет-компанијата Редит Алексис Оханијан.

Интересно е што нивната сопственичката група се најде нивната двегодишна ќерка Алексис Олимпија Oуниор.Од актерскиот свет, на списокот на сопственици се најдоа Узо Адуба, Џесика Частеин, Америка Ферера, Џенифер Гарнер и Ева Лонгорија, водителката Лили Синг, и 14 славни играчи на американската фудбалска репрезентација, меѓу кои и Миа Хам, Лорен Чејни Холидеј и Аби Вамбач.

View this post on Instagram

Good Morning! (this is NOT) how I wake up FYI

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

“Ние сме собрани со заедничка страст за промени. Промена за нашите фудбалери, промена за нашите навивачи и промена за нашата заедница. Промена што започнува денес”, рече Џули Урман по повод објавувањето за основањето на новиот женски фудбалски клуб во областа на Лос Анџелес.

Тимот сè уште нема име, а стадионот каде ќе играат домашни натпревари сè уште не е избран.

NWSL во моментов се состои од девет екипи, Chicago Red Stars, Houston Dash, North Carolina Courage, OL Reign, Orlando Pride, Portland Thorns FC, Sky Blue FC, Utah Royals FC и Washington Spirit.Поради пандемијата на корона вирус, раководството на лигата реши да го замени регуларниот дел и плеј-офот со турнир што ќе донесе нови шампиони. Од него ќе бидат дел фудбалерките на North Carolina Couragea, кои исто така беа шампиони во 2018 година.