Сестрите Кардашијанс во физичка пресметка

30 март, 20200
kim

Дури и птиците на гранките знаат дека во семејството Кардашијан-Џенер никогаш не е досадно, но тензиите меѓу сестрите изгледа дека стануваат сè поголеми и поголеми. Имено, во најавата за новата 18-та сезона на нивното реално шоу, сестрите се повеќе и повеќе се расправаат, а се чини дека виновникот е најстарата од нив, 40-годишната Кортни Кардашијан.

Споменатата најава е едноставно напната, па така, гледачите уште на почетокот имаат можност да го видат раздорот со Клои и Кортни. „Зошто мора да имаш таков став“, ја праша Клои постарата сестра, на што таа не ѝ остана должна. „Не се мешај во моите работи“, остро ѝ рече таа. Веќе во следната сцена е прикажана расправија со Ким и Кортни, која, на воодушевување на многу гледачи, заврши со физичка пресметка. Поточно, Кортни најпрво и пристапи на сестрата и ја турна на подот, по што Ким во момент на бес, агресивно ја нападна. „Никогаш повеќе да не ми приоѓаш така“, одговори Ким. Сепак, Куртни не го послуша предупредувањето, па дискусијата кулминираше со шлаканица во лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi