НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што значи тоа кога „ви игра“ ЛЕВОТО или ДЕСНОТО око?

17 март, 2022
око

Кога долниот лев капак „игра“, тоа е обично лош знак
Откријте што значи кога ви трепери очниот капак или што би рекле луѓето, кога окото ќе ви игра…

Треперењето на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај луѓето – играње на очи. Науката вели дека ова се случува сè почесто поради седење на компјутер, стрес, недостаток на сон или нервно растројство, додека народното верување тврди дека причината е некој знак.

Само треба правилно да се толкува. Различни народи имаат различни верувања кога е во прашање играње на очи, но скоро и да нема луѓе кои не успеале да го протолкуваат овој феномен. Еве што велат тие е зошто тоа се случува.

Кина
Во Кина, играње на левото око се смета за среќа, но ако десното око игра, тогаш тоа е лош знак. Меѓутоа, ако на жена и игра долниот капак на левото око, тоа значи дека некој ја озборува.

Индија
Индијците веруваат дека е лоша среќа ако вашето лево око игра, и добар знак е ако игра вашето десно око. Значи, сосема спротивно од кинескиот.

Хаваи
Се верува дека треперењето на левото око значи доаѓање на странец во семејството, и ако тоа око игра нон-стоп, тогаш тоа значи распад на семејството.

Балканот
Луѓето од оваа област имаат различни верувања кога станува збор за оваа тема. Постојат толкувања дека играњето на десното око значи дека она што сте го мислеле во тој момент ќе се оствари, додека играњето со левото око е лош знак.

Во некои делови се верува дека ако на жената и игра левото око, по долго патување повторно ќе ја види својата сакана. Тоа веројатно беше добар знак за сите жени кои беа загрижени дека нивните сопрузи ќе се вратат од војната.

Од друга страна, на друго место, се верува дека треперењето на горниот очен капак на десното око значи радост во семејството, а долниот, ново пријателство. Лево око – горниот капак, раѓање на машко дете во куќата, а на долниот, лоши вести.

escort - Korsan taksi